• Зоран Мишевски
Ноќва во најсилната кошаркарска лига во светот не играат сите тимови, бидејќи се одиграа пет натпревари од НБА Купот
Кошаркарите на Вашингтон пак се поразени. Тимот од главниот град запиша дванаесетти пораз по ред во сите натпреварувања, откако на домашен терен беше декласиран од Чикаго со 108-127.
Феникс му го нанесе првиот пораз на Лос Анџелес Лејкерс во НБА Купот. „Сонцата“ славеа со 127-100, играјќи доминантно во текот на целиот натпревар. Големата тројка на Феникс постигна 72 поени. Со 26 поени и 10 асистенции се издвои Букер, а по 23 поени запиша Дурант и Бил.
Мајами и Милвоки одиграа драма, која им припадна на гостите со 103-106. За Милвоки ова беше петта победа по ред во НБА лигата и НБА Купот.