Варшава беше пресилна, МЗТ впиша петти неуспех во Европа купот

Екипата на МЗТ Скопје го доживеа и петтиот неуспех во Европа купот на ФИБА откако загуби на гостувањето кај Дзики Варшава со конечни и убедливи 89-66. 

Аеродромци не можеа да му се спротивстават на полскиот тим, кој прикажа одлична кошарка во текот на целиот меч и не дозволи никакви непријатности пред својата публика. 

  • Комплетниот натпревар помеѓу Дзики Варшава и МЗТ Скопје: 

Варшава на паузата имаше +16 (47-31), а потоа ја зголеми разликата и по истекот на третата четвртина. На стартот на последната делница МЗТ беше во негатива од 23 поени, со што веќе беше јасно каков ќе биде исходот на крајот. Полјаците му одржаа лекција на противникот и забележаа повеќе од заслужена победа.

Најдобар кошаркар во редовите на Дзики Варшава беше Кжиштоф Кемпа со 21 поен, а во таборот на „металците“, Адем Мекиќ постигна 11 поени.