Варезе доведе големо засилување, потпиша со центарот на Сакраменто

Вили Коли Стајн кариерата ја продолжува во Европа, откако вчера официјално стана член на Варезе. Тоа ќе биде прво меѓународно искуство за поранешниот центар на Сакраменто.

Во својата последна сезона играше за Рио Гранде, клубот на Хјустон во Г-лигата, 29-годишниот Стајн имаше просек од 8.8 поени и 5.7 скока. Во текот на својата НБА кариера играше во Сакраменто, Голден Стејт, Далас и Филаделфија. На драфтот во 2015 година беше избран како шести пик од Сакраменто.

Варезе игра во квалификациите за Лигата на шампионите на ФИБА и се надева на место во групниот сегмент.