• Зоран Мишевски

Кошаркарките на ЖКК Вардар се вратија во трката за првото место во Шпаркасе Лајф Првата лига, откако синоќа на гостински терен беа подобри од актуелниот шампион, Баскет Кам со 43-54. Тасевска застана на 16 поени, а доби одлична помош од Николиќ, која додаде 11 поени. Во домашната екипа Димова запиша 13 поени.
Поразот на лидерот беше добредојден за кошаркарките на Крива Паланка кои реализираа победа над кавадаречки Пробаскет so 63-52. Tie iмаа постојано водство домашните кошаркарки, кое го потврдија со одлично одиграна завршница против екипата која ја држи позицијата број четири на табелата.
Ниехуес реализираше „дабл-дабл“ ефект од 19 поени и 13 скока, а одлична партија реализира капитенот Алексовска која освен 18 поени имаше и по пет скока, Во гостинската екипа, Томас постигна 18 поени.