Вардарки тргнуваат во одбрана на титулата на теренот на Трокал

Денес во просториите на Кошаркарската федерација беше одржана ждрепката за натпреварувачките броеви на клубовите кои ќе се натпреваруваат во Првата лига во женска конкуренција за сезоната 2019/20.

Дванаесет екипи ќе се борат за титулата државен шампион, а кошаркарките на Вардар ја бранат историската титула освоена минатата сезона.

Прво коло ПЛЖ 2019/20:
Баскет Кам – Студент Академија
Патриот 2016 – Шкупи
Трокал – Вардар
Пробаскет Академија – Гостивар 2009
Пантери – Струга 2009
Бадел 1862 – Крива Паланка

Првото коло ќе се одигра идниот викенд.