Вардарки ја средија Струга и осигураа трета позиција во плеј-офот

Кошаркарките на Вардар ќе бидат дел од плеј-офот во женска конкуренција, а во трката за шампионскиот трофеј ќе тргнат од третата стартна позиција. „Црвено-црните“ ја потврдија таа стартна позиција со денешната убедлива победа над Струга 2009 од 83-59.

За триумф во дуелот со последнопласираната екипа во Суперлигата, на домашните кошаркарки им беа потребни две добро одиграни четвртини. Откако ја добија првата четвртина со 27-19, дуелот беше израмнет во вториот период во кој двете екипи си поделија по 14.поени, па на полувремето Вардар водеше со 41-33.

Но тоа не ги задоволи нивните апетити, па по одморот, одиграа и најдобро. Во тие десет минути парцијално направија скор 24-11, со кој ја потврдија новата победа во овој суперлигашки дел од сезоната.

Во последното, шесто коло кое ќе се игра на 4 мај, Вардар ќе му гостува на Работнички, додека стружанки ги чека дуел на домашен терен против екипата на Крива Паланка.