Вардарки го зададоа првиот удар во серијата со Куманово-Гризли

Кошаркарките на ЖКК Вардар стигнаа до првиот триумф во полуфиналната серија од плеј-офот за шампионската титула во женска сениорска конкуренција. Синоќа во првиот натпревар од серијата „подобар во три натпревари“ вардаркк беа подобри од екипата на Куманово-Гризли и славеа со конечни 72-67.

До првиот поен во серијата, ЖКК Вардар го предводеа неколку кошаркарки. Во преден план, со „дабл-дабл“ ефект од 21 поен и 13 скока, се издвои Матие. Двоен број на реализации имаа и искусната Наков (14), како и Зафировска односно Димитријевиќ кои имаа по 12.поени.

Во екипата на Куманово Гризли, двоецот Алексиќ-Муса искомбинира 50 поени, Американката Џонсон дополни со десет, но недоволно за „брејк“ на овој прв меч од полуфиналето.