Вардарки едвај го скршија Работнички, Бадел 1862 сè уште максимален

Петнаесетти натпревар и петнаесетта победа за кошаркарките на Бадел 1862 во рамките на женскиот кошаркарски шампионат на Македонија. За време на викендот шампионките со полн плен се вратија од гостувањето градскиот ривал Шкупи (40-77).

Второпласираниот ЖКК Вардар исто така запиша триумф, овој пат на домашен терен против жилавиот Работнички со 73-66. Така разликата на табелата останува една победа повеќе во полза на баделки, кои го добија првиот меѓусебен дуел.

Во Битола сигурни бодови запиша Пелистер, кој го совлада Гостивар со 73-45, а Струга со полн плен се враќа од Крива Паланка, каде славеа со 43-78. Слободен во ова коло беше тимот на Баскет Кам.

Во следното 16. коло, лидерот Бадел 1862 е слободен, а ЖКК Вардар гостува кај Гостивар.