• Мартин Танасковски

Екипата на Вардар славеше кај Црн Дрим (68-81) и со нова победа во кошаркарскиот шапионат си замина од гостувањето во Струга.
Тимот од Скопје доминираше во првиот дел и така си го трасираше патот до посакуваната победа. „Црвено-црните“ имаа двоцифрена предност на паузата (32-44), па во вториот дел беше далеку полесно да се игра.
Прво име кај победникот беше Ташовски со 25 поени, пред Провел со 20 поени, а доста корисен во овој дуел беше корпулентниот Дујковиќ со „дабл-дабл“ од 10 поени и дури 18 скока, од кои 15 беа дефанзивни. Кај Црн Дрим, Клусен имаше 19 поени, Арсовски, МекБрајд и Марсело запишаа по десет поени.
Вардар во досегашниот дел од сезоната има две победи и осум порази, додека Црн Дрим има една победа и десет порази.