Вардарци се „распаднаа“ во вториот дел, продолжи серијата победи на Куманово

Куманово ја потврди добрата форма и на домашниот дуел против Вардар (112-78) во 22. коло од македонската Прва лига, последно од регуларниот дел на сезоната пред разигрувањето за титула на домашната сцена.

  • Комплетниот натпревар меѓу Куманово и Вардар: 

Вардарци подготвуваа изненадување во првиот дел, но не успеаја да го комплетираат во продолжението. Гостинскиот тим започна според планот и ја искористи опуштеноста на противникот, за да замине на пауза со резултат 45-52.

Меѓутоа кумановчани возвратија со ефикасна игра во третиот квартал во кој не само што ја анулираа, туку и изградија своја предност, која ја потврдија во завршницата. Со оваа победа Куманово регуларниот дел на сезоната го заврши на шестото место и попладнево ќе го дознае својот противник во четвртфиналето од разигрувањето (МЗТ Скопје или Еуро Нукел). 

Домаќинот беше најубедлив во финишот. Одбраната на Куманово беше голем проблем за гостите, кои беа задржани на само девет поени во последната четвртина. Тоа донесе убедлива радост за избраниците на Игор Ѓорѓиевски.

Џекиќ со 29 поени беше прво име кај Куманово, а за гостите 26 поени постигна Дикембе. Последниот меч од регуларниот дел од сезоната ќе го одиграат МЗТ Скопје и Црн Дрим.