Вардар со Димчевски и Крстевски го совлада Пелистер во контролен дуел

Новите два кошаркарски прволигаши, Вардар и Пелистер вечерва одиграа контролен дуел во СРЦ „Кале“ на кој славеше домаќинот со резултат од 75-62.

И за двата клуба ова беше втор пријателски натпревар пред почетокот на новата сезона, во кој „црвено-црните“ дојдоа до првата победа, по поразот од Работнички, додека клубот од Битола го забележа и вториот пораз, по оној од АВ Охрид.

Интересно, во дресот на екипата од Скопје денес настапија сегашниот репрезентативец, Бојан Крстевски и поранешниот Ивица Димчевски, двајца кошаркари кои потекнуваат од клубот. Според најавите споменатите два кошаркари во следниот период треба да потпишат и официјално за Вардар. Токму Крстевски и Димчевски вечерва со по 10 поени, колку што постигна и Митев, беа најефикасни во победничката екипа.