Вардар ќе се бори за опстанок со квалитетно засилување од битолски Пелистер

Македонскиот кошаркарски прволигаш, КК Вардар, доби одлично засилување за остатокот од сезоната, во која „црвено-црните“ ќе имаат тешка задача да изборат опстанок во елитното друштво. 

Во Скопје пристигнува доскорешниот младински репрезентативец на Македонија, Амар Хот, кој доаѓа од редовите на битолски Пелистер. 20-годишниот Хот одигра 10 натпревари во АБА2 лигата и просечно бележеше по 2,4 поени и 2,2 скока по натпревар, за нешто помалку од 20 минути на паркетот, додека во домашниот шампионат имаше далеку подобар скор од 6,9 поени и 6,1 скок. 

Скопскиот тим доби солидно пополнување за ростерот и ќе се обиде да го поправи впечатокот од досегашниот дел од сезоната. Вардар во моментов има само три победи и е последнопласиран на првенствената табела во Првата македонска кошаркарска лига.