Вардар и Водно Санс во финалето на младинскиот шампионат на Македонија

Во вториот полуфинален натпревар од „фајнал-фор“ турнирот од М18 лигата во Гевгелија, екипата на Вардар делуваше доста сигурно против гевгелиски Кожув, и тоа во најголем дел од играта, што на крајот го крунисаа со убедлив триумф од 97-74 и пласман во финалето, каде ги чека Водно Санс, кој во првото полуфинале го победи Феникс 2010 со 84-78. 

Лукановски застана на ефект од 27 поени и 19.скока, Марјановиќ го следеше со 20 поени, но и осум успешни додавања и седум скока. Во домашната екипа, Ичев постигна 19 поени, Букрлишев реализираше 16, а Кузманов постигна 13 поени.

Полуфинале:
Водно Санс – Феникс 2010 84-78
Вардар – Кожув 97-74

Финални натпревари (21 мај):
16:00: За трето место Кожув – Феникс 2010
19:00: Финале Водно Санс – Вардар

*Сите натпревари се играат во салата „26.април“ во Гевгелија