Вардар и Куманово-Гризли го играат женското дерби во деветтото коло

Деветтото коло од групата А лига во елитното кошаркарска натпреварување во женска конкуренција носи нови четири натпревари. Во фокусот на вниманието во овој круг од натпреварите ќе бидат дуелите во Скопје и во Крива Паланка.

В сабота, од 17:30 часот во СРЦ “Кале“, лидерот на табелата Вардар ќе биде домаќин на екипата на Куманово-Гризли во обид да остане на првата позиција на табелата која ја дели со актуелниот шампион.

Баскет Кам 2011 пак ќе има доста потешка задача во ова коло, особено ако се земе в предвид дека оди на гостување во Крива Паланка, во натпревар кој ќе се игра нешто подоцна, односно на 12 декември. Девојките од Крива Паланка во изминатото коло стигнаа до убедлив триумф над актуелниот Куп-освојувач, МЗТ Скопје, па силно мотивирани, и засилени со уште една американска кошаркарка, ќе се обидат да го изненадат и тимот од Македонска Каменица.

МЗТ Скопје пак важи како некој умерен фаворит на средбата која ја игра на домашен терен, против Бадел 1862, додека пак во нешто подобра ситуација е екипата на Пробаскет која во Кавадарци е домаќин на Струга 2009, засега единствената екипа без победа во измиантите осум кола во оваа конкуренција.