Вардар го освои Охрид, Кожув ѝ нанесе нов пораз на ФМП Академија

Кошаркарите на Вардар забележаа многу важна победа во битката за опстанок во Првата кошаркарска лига на Македонија, откако на гостувањето кај Охрид славеа со сигурни 72-80 и со тоа се израмнија на табелата со вечерашниот ривал. 

  • Комплетниот натпревар меѓу Охрид и Вардар:

Првиот квартал заврши со 26-20 за домаќините, а во следниот Вардар успеа само минимално да намали, додека по полувремето „црвено-црните“ влегоа во посакуваниот ритам со 12-25 направија пресврт и го ставија домаќинот во неповолна ситуацијата. Во последните десет минути Охрид не успеа да возврати на серијата на противникот и заслужено го запиша третиот пораз во плеј-инот.

  • Комплетниот натпревар меѓу Навико ФМП Академија и Кожув:

Нов пораз забележа и тимот на Навико ФМП Академија, кој пред својата публика беше немоќен против Кожув. Гевгеличани и на овој натпревар покажаа дека поседуваат најголем квалитет во плеј-инот и на крај извојуваа сигурна победа од 85-90.

Кожув е лидер на табелата во битката за опстанок, со три победи повеќе од останатите три екипи.