• Зоран Мишевски

Крајно возбудлив, интересен, на крајот и драматичен беше финалниот натпревар во М12 лигата во машка конкуренција. Финалистите, Вардар и Борец Баскет прикажаа игра која ги задоволи двете страни од трибината во салата „8.септември“ во Тетово, каде овој викенд се играше завршницата од оваа возрасна категорија од младинските лиги. На крајот вардарци извојуваа победа од 80-76.
Наградата за најкорисен играч на „фајнал-фор“ турнирот ја доби најдобриот играч на шампионската екипа, Вардар, Максим Данев.
Полуфинале:
Вардар - МЗТ Скопје Аеродром 66-56
Љуботен Тетово - Борец Баскет 45-64
Натпревар за третото место:
МЗТ Скопје Аеродром - Љуботен 74-30
Финале:
Вардар - Борец Баскет 80-76
Младиот кошаркар на екипата од Скопје реализираше 35 поени во финалето, извесно, даде најголем придонес во победата на Вардар, и сосема заслужено го понесе вредното признание.