Вардар е нов М14 шампион на Македонија, Чадиновски МВП на турнирот

Екипата на Вардар е новиот шампион во М14 лигата-мажи, откако во големото финале на завршниот турнир во Куманово, славеа победа против Водно Санс со резултат (79:66)

Вардар – Водно Санс 79-66 (33-4, 12-22, 14-19, 20-21)

Вардар: 
Марковски 9, Трпчевиќ 24, Нешкоски, Поповски 4, Тримчески, Спировски 2, Петровски, Чадиновски 38, Секулоски, Симоновски 2, Дуганов, Димоски

Водно санс: 
Стаменковски 40, Муратовски 3, Богоевски, Мојсовски 8, Кемера 6, Е. Ефтимов, Спасовски, Сарџовски 2, Веселинов 2, Сефери 3, Гацовски 2, В.Ефтимов

Водечкиот играч на екипата на Вардар, Војдан Чадиновски е најдобриот на дводневниот финален собир на најдобрите четири екипи во М14 лигата-мажи. Чадиновски имаше две одлични индивидуални остварувања, кои беа од голема помош во освојувањето на шампионскиот трофеј на Вардар. По одличниот настап во полуфиналето, Чадиновски продолжи во ист стил и во финалниот меч реализираше 38 поени.