Вардар доби второ големо засилување од Пелистер

Македонскиот прволигаш, КК Вардар, добива уште едно звучно засилување за остатокот од сезоната, во кој „црвено-црните“ ќе се обидат да изборат опстанок во елитното кошаркарско друштво. 

Најнов член на скопскиот состав е плејмејкерот Џон Ил Фуџет, кој досега настапуваше во редовите на битолски Пелистер. Американецот одигра неколку солидни натпревари во АБА2 лигата и просечно бележеше 6,3 поени за 19 минути минати на паркетот. 

Во Вардар пред неколку денови пристигна уште еден доскорешен играч на Пелистер, а тоа беше екс-младинскиот репрезентативец Амар Хот. „Црвено-црните“ имаат само три победи сезонава и ќе се обидат со сите сили да го поправат впечатокот на следните натпревари.