Вардар – Барса го пролонгира „вечното“ дерби: МЗТ – Работнички ќе играат в понеделник

Поради ракометниот спектакл овој викенд во салата „Јане Сандански“, кој го сочинуваат македонскиот шампион Вардар и шпанска Барселона, „вечното“ кошаркарско дерби на Македонија мораше да претрпи промени во терминот на одигрување. 

По договор на двете екипи големото дерби меѓу МЗТ Скопје и Работнички ќе се одигра во невообичаен термин, односно в понеделник со почеток од 20:45 часот. Првично, дуелот меѓу скопските ривали требаше да се игра в сабота, но поради факот што специјалната ракометна подлога „герфлор“ мора да се намести еден ден пред мечот, неизбежно беше одлoжување на кошаркарското дерби. 

Натпреварот меѓу Вардар и Барселона, кој се игра во рамки од ракометната Лига на шампионите е закажан за в недела од 17:00 часот, а салата „Јане Сандански“ веќе е распродадена до последно место.