Валенсија се закани: Ќе излеземе со младинци!

Во петокот вечерта, во рамки од четвртфиналето во Евролигата, екипата на Валенсија успеа да израмни на 2-2 на гостински терен против Панатинаикос, а веќе во недела ја чека нова битка. Овој пат во домашниот шампионат, против големиот ривал Басконија.

Од редовите на Валенсија сакаат овој натпревар да биде одложен, поради важноста на „мајсторката“ против грчкиот гигант, која носи пласман во Фајнал-форот во Евролигата. 

„Ако не можат да го одложат натпреварот, нема да излеземе со првиот тим на тој натпревар. Очигледно, натпреварот во среда е многу важен за нас“, рече Енрике Карбонел, генерален менаџер на Валенсија.

Едеса лигата е позната по тоа што не им излегува во пресрет на клубовите пред важните натпревари во Евролигата, за разлика од останатите шампионати ширум Европа.