ВИДЕО: Валенсија го зададе првиот удар и поведе во финалето против Алба

Кошаркарите на Валенсија во првиот финален натпревар од кошаркарскиот Еврокуп славеа сигурна победа од 89-75 против Алба Берлин и се доближија на чекор од освојување на титулата.

Првиот дел беше изедначен и двата тима добија по една четвртина, а на одмор со минимална позитива од 41-38 заминаа домаќините. Клучната разлика на денешниот натпревар Валенсија ја направи во третата четвртина, која ја доби со 30-15 и пред последните десет минути влезе со позитива од 71-53.

Во последната четвртина Германците се обидуваа да фатат резултатски приклучок, но Шпанците умешно ја чуваа предноста, сосема заслужено славеа триумф и поведоа со 1-0 во серијата прв до две победи. Најефикасен кај Валенсија беше Вил Томас со 22 поени, додека кај поразената Алба прв стрелец беше Пејтон Сива со 12 поени.

  • Извештај од натпреварот: 

Вториот натпревар на германско тло се игра на 12 април, а евентуалната „мајсторка“ е закажана за 15 април. Победникот на Еврокупот наредната сезона има загарантирано место во Евролигата.