Валенсија доминантно победи во „мајсторката“ со Алба и го освои Еврокупот

Екипата на Валенсија доминантно победи во мајсторката со Алба Берлин (89-63) и дојде до трофејот во кошаркарскиот Еврокуп.

  • Извештај од натпреварот: 

Шпанскиот тим важеше за голем фаворит и на паркетот ја оправда улогата. Неизвесна беше само првата четвртина, кога гостинот од Германија имаше само еден поен предност (17-18), а потоа почна рапсодијата на Валенсија.

Резултатот се сврте на полувремето, кога шпанскиот тим имаше 13 поени предност (46-33), додека пред финишот на третиот квартал, Валенсија дојде и до 22 поени позитива (63-41), по што веќе беше јасно кој тим ќе му се радува на трофејот во Еврокупот.

Најдобар кај Валенсија беше Томас со 19 поени, а Сан Еметерио и Дубљевиќ дадоа по 18 поени. Кај Алба, Рокас Гиедратис запиша 19 поени, а Пејтон Сива даде 14 поени.

За Валенсија ова беше четврти трофеј во историјата на Еврокупот, во шестото финале.