ВИДЕО: Ваква атракција е ретка и во НБА – монструозно забивање на Џонс против Ц. Звезда!

Во второто вечно дерби оваа сезона, Црвена Звезда и Партизан водат голема битка во АБА лигата, а на самиот старт од втората четвртина Тајрик Џонс ги шокираше сите во салата.

Асот на Партизан забележа монструозно забивање какво што ретко се гледа и во НБА лигата. Нападот на Партизан траеше долго, па решението се бараше со „пик енд рол“. Џонс направи блокада и одлично се отвори, а откако ја доби топката - атрактивно заби преку Рокас Гидраитис.

Црвена Звезда и Партизан оваа сезона се сретнаа и во Евролигата, а на тој натпревар голема победа извојуваа „црно-белите“.