ВИДЕО: Ваков шут не сте виделе - Торонто шокиран од погодокот на Ламб од „паркинг“

Ламб

Екипата на Шарлот славеше на гости кај Торонто и тоа на еден спектакуларен начин.

Херој за гостите беше Џереми Ламб, кој погоди од својата половина за конечен резултат 114-115. Акцијата започна на три секунди до крајот и по првото додавање се чинеше дека ќе биде без успех.

Но, и покрај тоа што се врати дури на својата половина, гостинскиот кошаркар испрати неверојатен шут и погоди за големо славје на неговиот соиграчи.

  • Погледнете го погодокот на Ламб:

Со оваа победа, Хорнетси ги задржаа малите шанси за плеј-оф. Сега имаат еден триумф помалку од Орландо и два од Мајами, кој ја држи последната позиција на Истокот која води во доигрувањето.