Вака лут не бил никогаш: Јокиќ „полуде“ по неспортски фаул и следуваше хаос (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер Нагетс доживеаја пораз од Оклахома Сити Тандер (127-121) во НБА лигата. Овој натпревар го одбележа и еден инцидент во кој во центарот на вниманието беа Никола Јокиќ, лу Дорт и Џејлин Вилијамс.

Натпреварот кулминираше во последната четвртина, кога во еден напад Дорт со движење на колкот го оттурна српскиот центар и го собори на паркетот. Јокиќ веднаш стана и тргна кон канадскиот кошаркар, а во конфликтот се вклучи и Вилијамс, по што следеше туркање и влечење за дресови.

Во тие моменти јасно се гледаше бесот кај Јокиќ, кој не сакаше да премолчи по ваквиот старт. Судиите реагираа со исклучување за Дорт, додека Јокиќ и Вилијамс добија по една техничка грешка.