Вајт е најновото засилување на Панатинаикос

Вајт

Американецот Арон Вајт е најновото засилување на екипата на Панатинаикос. Клубот потпиша едногодишен договор со 27-годишниот крилен центар.

Новиот член на „зелено-белите“ доаѓа од редовите на Тенерифе, каде замина минатата сезона од Милано.

Пред две години со Жалгирис играше на завршницата во Евролигата и го постигна најголемиот успех во својата кариера на европско тло.

Вајт пред пет години имаше шанса да се докаже во НБА лигата, но на крај не успеа и се врати во Европа.