Вајсмен се повреди на НБА дебито за Индијана и ја заврши сезоната

Вториот пик на НБА драфтот во 2020 година, Џејмс Вајсмен се повреди уште на првиот меч во новата сезона. 

23-годишникот го имаше официјалното НБА деби за Индијана Пејсерс во дуелот со Детроит Пистонс и веднаш се повреди. По еден шут за три поени Вајсмен само зачудено погледна кон својата нога, а на прв момент не делуваше дека се работи за страшна повреда.

По деталните прегледи се потврди најголемиот страв, Џејмс Вајсмен ја скина „Ахиловата тетива“ и тоа значи дека за него сезоната е готова на самиот старт. Досега во кариерата младото момче имаше повреди на колената и зглобовите, меѓутоа ова е далеку посериозна и сериозно ќе го запре неговиот развој во лигата.

Во 2020 година Вајсмен беше избран од Голден Стејт на драфтот, во франшизата се задржа до минатата сезона и тогаш беше трејдуван во Детроит. Со Индијана младиот ас потпиша двегодишен договор, а првата ќе ја мине надвор од терените.