• Зоран Мишевски

Првакот на Црна Гора, подгоричка Будуќност и нашиот репрезентативец Џејкоб Вајли продолжуваат со победите и во АБА лигата. Синоќа во Љубљана стигнаа до особено важна победа во дерби дуелот на 5. коло од АБА лигата, против Цедевита Олимпија со 79-84.
За скор (4-1) и делба на позицијата број два во регионалното натпреварување, заедно со екипите на Црвена Звезда и ФМП (лидер е Партизан со максимален ефект (5-0).
На оваа средба Вајли се стави во служба на колективот. Како стартер во гостинската екипа, силното крило одигра 16:42 минути во кои реализираше ефект од четири поени (2/5 за два поени), шест скока и една асистенција.