Вајли скромен, Гран Канарија убедливо поразена од Андора

Вечерва, во Шпанија се одиграа првите натпревари од 12. коло од Ендеса лигата. Еден од нив беше и натпреварот на Канарските острови, во кој се сретнаа екипите на Гран Канарија и на Андора.

За нас интересен затоа што во домашната екипа настапува новиот репрезентативец на Македонија, Џејкоб Вајли.

Американецот со македонски пасош не беше во стартната петорка на „жолто-сините“ кои загубија со убедливи 62-79.

Силното крило на Гран Канарија одигра 19 минути во кои реализираше пет поени (1/2 за три и1/2 за два поени), како и по два скока и исто толку асистенции за тоа време поминато во игра.
Гран Канарија е на 17. место на табелата во најсилната европска лига, има само две победи.