Вајли: Реагиравме одлично, се надевам на добри резултати во иднина

Кошаркарската селекција на Македонија херојски славеше против лидерот Италија со 87-78, со што продолжи да сонува за пласман на Европското првенство. Сепак, сега избраниците на Тодоров ќе чекаат услуга од Русија, која мора да ја победи Естонија, а потоа утре да биде совладан директниот ривал. 

По победата на мечот во кој Македонија имаше и минус 16 разлика,  Џејкоб Вајли нагласи дека навистина е среќен за триумфот и зборуваше за тимската хемија која ја краси нашата екипа. 

„Мислам дека одлично реагиравме по првиот меч против Италија. Знаевме дека добро шутираат, но одлично одговоривме во второто полувреме. Одигравме поцврсто, а тоа резултираше со натпреварот да тргне во наша корист. 

Добро се вклопив, тренерскиот тим е одличен и, иако не се познаваме, најдобро се поврзавме преку натпреварите. Продолживме позитивно, така ќе биде и во иднина, па се надевам на добри резултати“, изјави Вајли. 

Последниот квалификациски натпревар во квалификациите за Европското првенство Македонија ќе го одигра утре против Естонија со почеток од 15:00 часот.