Вајли: Одигравме одличен и борбен натпревар, но во клучните моменти се опуштивме

Без нималку респект кон големиот фаворит, Македонија одигра фантастичен натпревар против Италија во првиот дуел од последниот квалификациски турнир за Евробаскетот, кој се игра во Перм.

Нашите кошаркари во самиот финиш останаа без сили за сензација против лидерот на табелата (92-86), а Џејкоб Вајли по дуелот истакна дека неколкуте опуштања во клучните моменти го решија победникот на овој дуел. 

„Мислам дека одигравме одличен натпревар. Но, штета што на неколку наврати непотребно се опуштивме, иако одлично се боревме против Италија. Сега мора да продолжиме понатаму и да мислиме на следните натпревари, затоа што сите знаеме дека трите натпревари до крајот на квалификациите нема да бидат лесни“, рече Американецот. 

  • Прес-конференцијата на македонската репрезентација: 

До крајот на турнирот во Перм ќе одиграме уште неколку средби, а првата веќе е утре против Русија од 15:30 часот.