Вајли: Македонија ќе се бори, Украина е нов предизвик за младиот тим

Американецот кој настапува за Македонија, Џејкоб Вајли одигра солиден натпревар во Скопје во поразот од Шпанија. Иако немаше целосна минутажа, тој успеа да постигне десет поени и фати пет скока. Во пресрет на пресметката од втората рунда со Украина, Вајли го изнесе своето мислење и кажа: 

„Што може да се очекува од овој натпревар? Украина има доста добар тим, и сигурно е дека не очекува еден тежок меч. Ова е уште еден предизвик за нашиот млад тим, да покаже дека навистина може да игра против вака силни репрезентации, како на пример, шпанската. Она што се очекува од нас е да се бориме за секоја топка, за секој посед, сите да ја дадеме енергијата на теренот, па ќе видиме што ќе излезе од сето тоа. Мора да го имаме оној натпреварувачки дух потребен за вакви натпревари во кои се бориме за пласман на Светскиот Куп“. 

Крилото од Соединетите Американски Држави се очекува повторно да биде еден од носителите на играта и во Киев. Пресметката со Украина е закажана за денес со почеток од 18:00 часот.