Вајли и Сарагоза на чекор до Ф4 на Лигата на шампионите на ФИБА

Џејкоб Вајли и Сарагоса брзо го заборавија убедливиот пораз на гостувањето во Бамберг пред една седмица.

На свој терен, Џејкоб Вајли и неговите нови соиграчи делуваа сигурно. И вечерва беа и по втор пат подобри од италијанскиот Динамо Сасари. Славеа со убедливи 105-88, па по четири одиграни кола повторно се на првата позиција во групата Л од ФИБА Лигата на Шампионите.

Нашето репрезентативно крило беше еден од петмината домашни кошаркарки кои завршија со двоцифрен број на поени. За 26.минути во игра, реализираше 14 поени (7/12 во обидите за два поени), а имаше и осум скока, три загубени и една освоена топка.