Вајли и Сарагоза ќе играат Ф8 на ЛШ на ФИБА

По забрзан ритам се играат натпреварите во ФИБА Лигата на шампионите. Во текот на оваа работна недела некои од клубовите, меѓу нив и Касадемонт Сарагоза на нашиот репрезентативец Џејкоб Вајли, мораше да одиграат и два натпревари.

На овој вечерашниот, против чешкиот Нимбурк, шпанскиот состав имаше императив на победа. И одговори на предизвикот, победи со повеќе од убедливи 90-71.

Имаше екипата од Сарагоза одлично второ полувреме во кое го скрши отпорот на Чесите. Стигна до целта – победата, која на коло пред крајот ги носи на завршниот турнир од ФИБА Лигата на шампионите. Џејкоб Вајли беше првото поентерско име во домашната екипа. Откако во првото полувреме за 11.минути реализираше 12.поени, силното крило на Сарагоса продолжи во ист стил и во второто.

Дотурка до 22 реализирани поени, со одлична реализација во шутот од поле (11/15 за два поени), плус и десет скока, една асистензија за 27 минути во игра. Доволно за 30 индексни поени, најмногу во екипата-победник.

По пет одиграни мечеви во групата Л, сега Касадемонт Сарагоза има ефект од четири победи и еден пораз, што е недостижно за конкуренцијата, екипите на Динамо Сасари и Бросе Баскет

Во последното коло од ТОП 16 групна фаза, Шпанците имаат гостување во Чешка, против вечерашниот противник, за потврда на првата позиција во групата.