Вајли и Сарагоза го срушија Бросе Баскет во ФИБА Лигата на шампионите

Во вториот меч од плеј-оф фазата во групата Л на ФИБА Лигата на шампионите, Касадемонт Сарагоса го совлада германскиот Бросе Бамберг со 77-65, со која беше потврден „брејкот“ против Динамо Сасари, реализиран минатата седмица.

Џејкоб Вајли одигра скоро 18 минути.  Немаше многу поени, само два, но затоа пак комплетираше дури 11 скока, со кои беше прв скокач во тимот-победник. Нашиот нов репрезентативец имаше и две успешни додавања на овој меч по кој Сарагоса има максимални две победи во исто толку мечеви во Лигата на Шампионите.

Инаку, еден од судиите на овој меч во Сарагоса беше и нашиот интернационалец со знакот на ФИБА, Игор Митровски.