Вајли доби место во најдобрите пет во последното коло од квалификациите

Најновото засилување од Соединетите Американски Држави, Џејкоб Вајли може да се окарактеризира како вистински погодок на раководните лица во македонската кошаркарска репрезентација. 

Американски кошаркар зад себе остави фантастичен турнир во Перм, а својот одличен настап го круниса со место меѓу петте најдобри кошаркари на последниот круг од квалификациите.

Џејкоб Вајли против Естонија дојде до уште еден „дабл-дабл“ ефект. Високото крило на „црвено-жолтите“ постигна 18 поени, а додаде 14 скока, плус три блокади. Беше еден од најзаслужните за пресвртот во второто полувреме. Воодушеви со играта во одбрана, но имаше и неколку атрактивни забивања, во свој веќе препознатлив стил.

Вајли има и највисок индекс во шестото коло – 31. Но и покрај тоа, во гласањето за МВП на колото што го спроведува ФИБА, се наоѓа зад босанскиот репрезентативец Кенан Камењаш. За него досега гласале 78% од читателите, а Вајли е трет, зад Гркот, Христор Салустрос.