Вајли: Чест ми е да бидам дел од националниот тим на Македонија!

Македонската кошаркарска репрезентација ќе се судри со Романија на стартот на претквалификацискиот циклус за Мундобаскетот. На официјалната средба со седмата сила освен селекторот зборуваше и американскиот центар Џејкоб Вајли. 

„Чест е да бидам дел од националниот тим на Македонија, да играм и работам со луѓе како Адем и тренерот Илиевски, како и луѓето од федерацијата. Одушевен бев кога го добив повикот пак да заиграм за вашата земја. Имаем млад тим, малку сме ние поискусните и на нас е да бидеме лидери на помладите. Очекувањата е да дадеме максимум, енергично и физички стабилни. Треба да го докажеме своето ниво и да бидеме компетитивни“, изјави Вајли. 

Македонија в сабота од 20:00 часот ќе биде домаќин на Романците, а потоа следуваат две врзани гостувања кај истиот ривал и кај Унгарија.