Вајлер-Баб заминува од Анадолу Ефес и се сели во француски евролигаш

Турскиот евролигаш Анадолу Ефес соопшти дека ја раскина соработката со германскиот кошаркар Ник Вајлер-Баб, кој заминува од клубот после една година мината во Истанбул. 

Минатата сезона во Евролигата бележеше просек од 7,7 поени, 4,8 асистенции и 3,4 скока по натпревар. 30-годишниот Вајлер-Баб претходно настапуваше за Баерн Минхен и Лудвигсбург, а со репрезентацијата на Германија го освои бронзениот медал на Европското првенство во 2022 година. 

Се шпекулира дека следна дестинација на Германецот ќе му биде францускиот Асвел, кој најавува силен и моќен тим за следната евролигашка сезона.