Утеха за Србија: Богдановиќ е најдобар стрелец на Мундијалот

Бекот на кошаркарската репрезентација на Србија, Богдан Богдановиќ, е прогласен за најдобар стрелец на Светското првенство (СП) кое се одржа во Кина.

Кошаркарот на Сакраменто Кингс на вкупно осум меча постигна 183 поени и има еден повеќе од второпласираниот Пети Милс. НБА-ѕвездата на Србија во просек забележа 22,9 поени по меч, со додатни 4,4 асистенции и 4,1 скок.

Рекордот на ова СП на Богдановиќ беше 31 поен на меч, против Италија и Чешка.

Србија светскиот кошаркарски собир го заврши на петтото место. Се очекуваше медал, но поразот од Аргентина во рамки на четвртфиналето ги исфрли „орлите“ од борба за одличје на овој настан.