ВИДЕО: Уште непочнато, веќе инцидент – прекинато дербито Ц. Звезда - Партизан!

По две опомени за фрлање предмети на теренот, судијата Дамир Јавор го прекина првото сезонско дерби помеѓу Црвена Звезда и Партизан Моцарт Бет, на крајот од првата четвртина и при резултат 18-17 за „црно-белите“.

Ескалацијата настана по дуелот меѓу Никола Ивановиќ и Зек Ледеј под кошот, кога црногорскиот кошаркар се повреди по еден продор и замина во соблекувалната.

Кога предметите почнаа да летаат и по два апели, од кои едниот до навивачите го упати капитенот на Црвена Звезда, Бранко Лазиќ, судијата Јавор мораше да реагира и со помошниците отиде во соблекувалната.

За да продолжи натпреварот најпрвин ќе треба се испразни „Б“ трибината во салата „Александар Николиќ“, каде се најжестоките поддржувачи на српскиот и регионален шампион.