Уште еден тим се двоуми: Настап во Евролига или во ЛШ на ФИБА?

Екипата на Валенсија е на листата на учесници за следната сезона во Евролигата, но ситуацијата може да се промени затоа што клубот се двоуми во кое натпреварување да настапува.

Шпаанскиот тим ги разгледува понудите на ФИБА и Евролигата, но клубот има проблеми со плаќањето на учеството во Евролигата, што би можело да доведе до тоа да се одлучи за Лигата на шампионите на ФИБА, во која учеството е бесплатно.

Евролигата прави се за да ја убеди Валенсија да игра во елитното друштво, а медиумите јавуваат дека му понудила на клубот да го организира Ф4-турнирот следната сезона.

Лигата на шампионите на ФИБА успеа да ја добие Алба Берлин од Евролигата, клуб кој ја напушти организацијата по 24 години учество во Евролигата и Еврокупот.