ВИДЕО: Уште еден прекрасен гест на Леброн - го копираше движењето на Коби

Коби Леброн

Капитенот на еден од тимовите кои настапија на „Ол-стар“ натпреварот, Леброн Џејмс, не престанува да ги одушевува фановите со посветите за Коби Брајант.

Пред неколку недели го копира неговото забивање во „Стејплс Центар“, а на егзибицијата во Чикаго го повтори неговиот дриблинг од 1998 година. Легендата на Лејкерси на дебито на собирот на сите ѕвезди направи брилијантен потег со кој ја крена публиката на нозе и се претстави пред јавноста.

Неговата бравура ја повтори „кралот“ во дуелот со Мидлтон, кој остана „замрзнат“ од досетливиот трик.

Ентони Дејвис беше стрелец на погодокот за победа на „Тимот на Леброн“ во новиот формат на „Ол-стар“ натпреварот.