• Иван Димовски
Шпанскиот кошаркарски прволигаш Валенсија се пофали со нова аквизиција за следната сезона, а нов член на овој клуб ќе биде македонскиот репрезентативец Итан Хап.
28-годишниот центар замина од Гран Канарија, меѓутоа и во следната сезона ќе игра во првенсвото на Шпанија. Хап се договори и парафира соработка со Валенсија на две сезони, до јуни 2026 година.
Минатата сезона во Ендеса лигата и Еврокупот македонскиот репрезенативец имаше просек од 11,5 поени и 5,5 скока по натпревар. Двометрашот од Соединетите Американски Држави сега ќе заигра под обрачите на Валенсија, но одлично игра во два правци, па опасен е и во напад.
Кариерата на Итан Хап во Европа започна во 2019 година откако не беше одбран на драфтот во НБА лигата. Тој дојде во Олимпијакос, а беше озајмен во Кремона. Потоа продолжи во Фортитудо Болоња, Динамо Сасари, Рајзен Лудвигсбург, Рио Бреоган и минатаа сезона играше за Гран Канарија.