Уште еден кошаркар со НБА искуство засили тим од Евролигата

Макаби Тел Авив го договори првото засилување во бековската линија. Американскиот кошаркар Кејтон Волас потпиша двегодишен договор со израелскиот гигант.

Волас во следниот период ќе заработи 2,5 милиони евра, а во тимот ќе ги дели минутите на позицијата комбо бек со сонародникот Џими Кларк.

Новиот играч на Макаби зад себе има две сезони во НБА со Атланта Хокс. Минатата сезона просечно бележеше 4,2 поени, 1,3 скока и 2,1 асистенција за 12,3 минути на натпревар.

Пред НБА, Волас настапуваше за Универзитетот Тексас. Тој од 2021 до 2024 година играше во развојната Џи лига, каде што беше дел од системите на Лос Анџелес Клиперс и Атланта Хокс.