Управата на ЛА Лејкерс ќе разговара со Џејмс, не го пушта во пензија

Раководството на Лос Анџелес Лејкерс најави дека ќе има разговори со првата ѕвезда на тимот, Леброн Џејмс, кој најави дека по поразот во серијата од Денвер Нагетс размислува за неговата иднина во НБА-лигата.

Популарниот „крал“ Џејмс истакна дека размислува дали да продолжи во НБА-лигата и следната сезона. Зад своето име има дваесет сезони во најквалитетната лига во светот, но по поразот во четири меча од Денвер, се чувствува разочарано.

Генералниот директор на клубот, Роб Пелинка, кажа дека тој и тренерот Дарвин Хам со нетрпение очекуваат да разговараат со Леброн околу неговата иднина, затоа што го сакаат во Лејкерси и следната година.

Од таборот на „езерџиите“ потенцирале дека сите сакаат да му дадат поддршка на Џејмс, затоа што сметаат дека таа сега му е најпотребна и очекуваат од него позитивен одговор за следната НБА-сезона.