Уникс потпиша со поранешен трет пик на НБА драфтот

Екипата на Уникс Казањ на социјалните мрежи се пофали со потписот на американскиот кошаркар О-Џеј Мејо.

Рускиот тим има високи амбиции оваа сезона. Пред 33-годишникот, успеа да склучи соработка со Марио Хезоња и Лоренцо Браун.

Мејо е поранешен трет пик на НБА драфтот во 2008 година. Пред него беа избрани само Дерик Роуз и Мајкл Бизли.

Во текот на својата кариера во најсилната лига на светот запиша просек од 13,8 поени, 3,1 скока и 2,9 асистенции по натпревар.