• Иван Димовски

Кошаркарите на Уникаха приредија своевидно изненадување, го совладаа Реал Мадрид со 93-79 и го освоија пехарот во Купот на кралот.
Аутсајдерот успеа да го детронизира и да му ја грабне круната на „кралот“ кој го бранеше тронот. До овој куп-трофеј кошаркарите на Уникаха дојдоа со убедливи партии, исфрлајќи ги Хувентуд и Тенерифе пред Реал во ова натпреварување. Вреди да се напомене дека многу рано елиминирана беше Барселона од Тенерифе уште во четвртфиналето.
Што се однесува до натпреварот, Уникаха од стартот беше подобра на паркетот во Лас Палмас. По израмнетиот прв дел клучниот исчекор победникот го направи во третиот период кога стигна на двоцифрена предност, па до крајот го одбрани стекнатото водство.
Ова за Уникаха беше трет трофеј во Купот на кралот, претходно го освојуваше во 2005 и 2023.