• Зоран Мишевски

Кошаркарите на ТФТ Скопје останаа максимални и на врвот на табелата во Суперлигата, откако пред своите гледачи го совладаа новиот член на елитата Ангели со 67-57. Натпреварот од шестото коло беше ненадејно компетитивен и донекаде израмнет, заради заморот со кој се соочија момците на Боро Смилковски.
- Комплетниот натпревар меѓу ТФТ Скопје и Ангели:
Во првите две четвртини се играше израмнето, со мала предност за тимот од Тафталиџе. Домашните центри доминираа, а Џастин Гордон го полнеше кошот на Ангели. По лошата втора четвртина, која домаќините ја добија со 12-6, домаќините на одмор заминаа со 25-16.
Инспирирани од Иван Балов кошаркарите на Ангели се вратија во третиот период, но ТФТ „нагази“ во последнит десет минути и стигна до рутинска победа од 67-57.
Најефикасни во победничкиот табор беа Гордон со 21 и Зафиров со 12 поени, а кај поразената екипа се истакнаа Балов со 19 и Ибраими со 21 поени.











