Уморниот МЗТ гостува во Битола, Еуро Никел ќе го предизвика Работнички

Денес се закажани првите натпревари од полуфиналето во македонското првенство. Сезоната се ближи кон својот крај, а многу работи би можеле да зависат од денешните први судири на најдобрите четири екипи во нашата земја.

Големо дерби ќе се одигра во Битола каде Пелистер ќе го пречека МЗТ Скопје. Битолчани долго време беа неприкосновени на табелата. Меѓутоа во завршницата од сезоната попуштија и направија неколку лоши резултати. Тоа го искористи конкуренцијата за да ја врати самодовербата дека може да се надигрува со пелистерци. На клупата ќе го нема Марјан Илиевски поради здравствени проблеми. На неговото место до крајот на сезоната ќе биде Србинот Небојша Видиќ.

Последниот победник на трофејот во македонскиот шампионат верува дека има квалитет да направи изненадување во салата „Боро Чурлевски“. МЗТ ја подигна формата кога најмногу требаше, го освои Купот и со голема самодоверба доаѓа на полуфиналниот судир со Пелистер.

Второто полуфинале носи дуел меѓу Работнички и Еуро Никел. Фаворитската улога на хартија им припаѓа на избраниците на Димитар Мираковски. Тиа ја имаат предност да играат на домашен терен и ќе се обидат максимално да профитираат од тоа.

Кавадарчани покажаа во текот на сезоната дека не се екипа која треба да се потцени. Во претходното коло рутински го елиминираа Гостивар и најавија дека се зрели за самата завршница од домашното првенство.