Украина (пре)моќна за нашите кошаркарски јуниорки

Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија ќе почека на првата победа на Европското првенство (ЕП) Б-дивизија во Софија, затоа што доживеа пораз и во мечот со Украина (47-91).

  • Комплетниот натпревар меѓу Македонија У18 и Украина У18:

Украина беше далеку подобар противник во овој натпревар по кој нашата селекција под 18 години ќе продолжи со обидите да дојде до првата победа во оваа конкуренција. Уште во првото полувреме украина обезбеди висока предност. По првиот период беше 15-28, а веќе на полуврeмето, девојките во „сино-жолта“ комбинација имаа уште повисоки 26-51.

Ништо не се промени ниту по оние петнаесет минути предвидени за одмор и за совети. Подобриот ривал изгради уште повисока разлика. По три периоди имаше плус од дури 35 поени (38-73).

Михаела Алексовска со 21 поен (шут од поле 7/15, и 7/10 од линијата за слободни фрлања), дополнети со седум скока, беше нашата единствена кошаркарка со двоен број на реализации, додека кај Украина најистакната беше одличната Дарја Бирук со 22 поени.